Description
Бокалот Dr.Nature AquaPure Alkaline е создаден за едноставно и практично подобрување на квалитетот на водата за пиење од чешма во домашни услови. Заедно со бокалот добивате и алкален филтер Dr.Nature AquaPure Alkaline, кој обезбедува уникатна 9-степена филтрација, прочистување, алкализација и реминерализација на водата.
Бокалот е изработен од SAN пластика која не содржи бисфенол А, која е цврста, проѕирна и отпорна на пожолтување и направена според стандардите и критериумите за производи кои доаѓаат во контакт со храна и вода, .
Бокалот има практична големина за секојдневна употреба, има вкупен капацитет од 2 литри и лесно се вклопува во фрижидер. Механичкиот тајмер потсетува кога е време за замена на филтерот, додека ергономската рачка и стабилната основа овозможуваат удобно и сигурно користење.
Предности на Бокалот за вода Doctor Nature AQUA PURE ALKALINE
- Механички тајмер за замена на филтерот.
- Оптимален дизајн погоден за фрижидер.
- Оптимален капацитет од 2 литри.
- Ергономска рачка и стабилна основа.
- Лесно полнење преку капакот, погодно за секојдневна употреба.
- Лесно и практично одржување – деловите може да се мијат и во машина за садови.
Придобивки од користењето на Бокалот за вода Dr. Nature AquaPure Alkaline:
✓ Вода прочистена од хлор, органски загадувачи и тешки метали.
✓ Помага во постигнување оптимална pH-рамнотежа во организмот.
✓ Обезбедува антиоксидативна заштита.
✓ Ја подобрува детоксикацијата, метаболизмот и варењето.
✓ Вода збогатена со магнезиум, цинк, селен, калциум и други минерали.
✓ Помали групи на молекули на водата, за поефикасна хидратација.
Со помош на Dr.Nature AquaPure Alkaline филтерот за вода, водата поминува низ 9 степена филтрација и тоа:
1. Мрежест предфилтер – задржува поголеми честички како песок, талог и други видливи нечистотии.
2. Активен јаглен од кокосова лушпа – помага во намалување на хлорот и органските нечистотии и придонесува за подобар вкус и мирис на водата.
3. Јоноизменувачка смола – ја намалува тврдоста на водата, помага во „ловење и отстранување“ на одредени тешки метали и придонесува за регулирање на pH-вредноста на водата.
4. ORP сфери – придонесуваат за намалување на оксидациско-редукцискиот потенцијал на водата.
5. MAIFAN минерални сфери – природен минерален материјал кој придонесува за реминерализација на водата со минерали и микроелементи како магнезиум, калциум, цинк, селен и железо.
6. Зеолит – природен минерал со порозна кристална структура кој учествува во дополнителното прочистување на водата.
7. Турмалински сфери – дополнителен минерален филтрациски слој кој придонесува за стабилизирање на карактеристиките на водата.
8. FIR керамички сфери – специјално обработени минерални керамички сфери кои се дел од напредниот систем за третман на водата.
9. Фин микромрежест филтер – последен степен на филтрација кој ги задржува преостанати фини честички.
Волумен на бокалот: 2 литри
Капацитет на променливиот филтер: Филтерот има капацитет да исфилтрира до 160 литри вода или приближно еден месец употреба, во зависност од квалитетот на водата и потрошувачката во домаќинството.
Начин на употреба: Отпакувајте го бокалот од кутијата, измијте го со средство за миење садови и топла вода и оставете го да се исуши. Отпакувајте го филтерот и потопете го во хоризонтална положба во ладна вода околу 10 минути. Протресете го филтерот во садот со вода 10 секунди. Поставете го филтерот во резервоарот на бокалот и цврсто притиснете го до крај. Додадете ладна вода од чешма. Истурете ја водата од првите 2 филтрирања. Користете ја водата за пиење по третото филтрирање. Не го користете филтерот подолго од 30 дена или 160 литри. Водата и понатаму ќе поминува низ него, но неговите прочистувачки својства ќе бидат значително намалени. За полесно следење, поставете го механичкиот тајмер на следниот датум за замена на филтерот.
Препораки за одржување на бокалот: Чувајте го бокалот подалеку од директна сончева светлина и извори на топлина. Доколку филтрираната вода не се користи подолго од 48 часа, препорачуваме да ја истурите водата и повторно да го наполните бокалот со свежа вода. Редовно мијте ги капакот, внатрешниот сад и бокалот, најмалку при секоја замена на филтерот. Не користете концентрирани средства за чистење, силни оксидирачки средства, избелувачи, хлорирани растворувачи или абразивни сунѓери. Сите делови може да се мијат во машина за садови, но препорачуваме рачката да се мие рачно, за да се избегне бришење на ознаките на тајмерот за замена на филтерот.
Материјал: Изработен е од соодветни одобрени материјали за контакт со вода (SAN пластика) и не содржи бисфенол А (BPA Free).









Reviews
There are no reviews yet.