Beauty Patents Лосион за чистење лице – 150 ml

655 ден

Совршената кожа започнува со совршена нега!

Beauty Patents лосионот за чистење лице е вашата тајна за здрава, балансирана и блескава кожа. Нежно, но ефикасно, ја чисти и хидратира кожата, отстранувајќи ги темелно сите нечистотии и вишок себум, без притоа да ја суши или иритира кожата. Благодарение на неговите моќни активни состојки, кожата добива длабинска хидратација, се регенерира и станува чиста, мазна, смирена и заштитена.

Активни состојки: колаген хидролизат, Cetiol HE, природна розова вода, екстракт од шипинки, екстракт од маточина.

Како делуваат активните состојки од лосионот за чистење:

Колаген хидролизат: Патентирана формула на Mota 6 Laboratory со 99,5% чистота и научно докажано молекуларно дејство. Тој ја обновува и оддржува правилната структура на кожата, ги активира фибробластите и придонесува за создавање на сопствен колаген според состојбата и возраста на кожата.

Cetiol HE: Хидрофилен емулгатор, кој што се употребува како подобрувач и стабилизатор на липидниот слој. Има филмообразувачко својство, кое што го заштитува микробиомот на кожата и помага во развојот на добрите бактерии и на тој начин ја прави кожата поздрава, балансирана и негувана.

Природна розова вода: Розовата вода е добро познат еликсир за убавина уште од дамнешни времиња, кој што има тонизирачко, омекнувачко и хидратантно дејство. Ги смирува кожните иритации и ги смалува отоците на лицето и околу очите. Има антисептичко, противвоспалително и смирувачко дејство.

Екстракт од шипинка: Екстрактот од шипинка содржи глицерин,  витамини С, В2, Н, РР, пектин, гликани, флаваноиди, гликозиди и има противвоспалително и антибактериско дејство. Ја освежува и смирува иритираната кожа, ја нормализира работата на лојните жлезди, ја зголемува еластичноста на кожата и ги третира површните капилари.

Екстракт од маточина: Има смирувачко, хидратирачко и обновувачко дејство. Нејзиниот нежен мирис го ублажува насобраниот стрес и замор на организмот. Ја заштитува кожата од појава на старечки дамки.

Начин на употреба: Нанесете мало количество од лосионот на памучен тампон, убаво исчистете ја кожата и исплакнете со млака вода.

Шифра: 90401
Share Now:

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Beauty Patents Лосион за чистење лице – 150 ml”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Have no product in the cart!
0