Beauty Patents Anti-age ноќен крем за лице со лифтинг ефект – 50 ml

1645 ден

Совршената кожа започнува со совршена нега! За дефинирани контури, мазна, затегната и подмладена кожа – доверете се на производите за нега на лице од Beauty Patents!

Овој моќен активен крем сo неверојатен anti age и лифтинг ефект ја заштитува и регенерира кожата, ја обновува нејзината дермална матрица, активира механизми за забавување на стареењето, ја обновува еластичноста на кожата, ја заштитува од дехидратација, ја зголемува клеточната регенерација, заштитува од оксидативен стрес и го изедначува тенот.

Активни состојки: патентиран биолошко активен комплекс –колаген хидролизат, еластин, ДНК, витамин Е и розова вода, Gravityl, Epionine Bio, Aquaxyl, масло од семе од афион, масло од бабасу, бадемово масло, сквалан

Како делуваат активните состојки од ноќниот крем за лице:

Патентиран биолошко активен комплекс: биолошко-активниот комплекс ефикасно ги успорува процесите на стареење и создавањето на брчки, ја потпомага протеинската рамнотежа и ја подобрува структурата на кожата.

Gravityl™: 100% природна состојка со револуционерен антигравитациски ефект, создадена за да ја врати цврстината и дефиницијата на контурите на лицето од Givaudan Франција. Благодарение на активните материи од црвени макроалги, оваа моќна состојка го стимулира производството на Колаген I и III, ја хидратира кожата и нуди заштита од штетните надворешни фактори како UV зрачење, загадување и сина светлина. Ја подобрува еластичноста и затегнатоста на кожата за 7 пати, со што визуелно се забележува промена и подобра структура на кожата на лицето. Со редовна употреба, Gravityl ја затегнува кожата, ја подобрува линијата на вилицата и драстично го намалува подбрадокот.

Epionine Bio: е совршената синергија на убавина и внатрешна хармонија, помагајќи ви да се чувствувате и изгледате подобро секој ден. Овој уникатен природен концентрат е добиен од несапонифицирани материи од масло од семе на камелија (Camellia oleifera) и нуди моќна заштита од внатрешни и надворешни стресови, додека истовремено ја смирува и регенерира кожата. Epionine Bio ја зајакнува и обновува заштитната бариера на кожата, ја хидратира и освежува и го намалува воспалението и чувствителноста.

Aquaxyl: 100% природен полисахарид, содржи максимален број хидроксилни групи и одлично ја навлажнува кожата.

Бадемово масло: содржи корисни протеини, јаглехидрати, витамини А, С, Е и В со помош на кои ја хидратира, смирува, омекнува и измазнува кожата и го стимулира обновувањето на епидермисот. Има брза апсорпција и благопријатен ефект врз кожата.

Маслото од бабасу: е богато со лаурички и миристички киселини, интензивно ја хидратира кожата, ја смирува и потхранува, задржувајќи ја влагата во епидермисот.

Масло од семе од афион: Силен природен антиоксидант, богат со масни киселини, кои што ја омекнуваат и потхрануваат кожата. Има способност да ја обновува зашитната бариера на кожата и затоа е исклучително корисен за оштетена, сува и зрела кожа.

Сквалан: сличен на себумот, кој што го создава човечката кожа. Со неговата деликатна текстура, тој ја задржува влагата и не остава масни траги, јапотхранува кожата и ја одржува млада.

Начин на употреба: Нанесете навечер врз добро исчистена кожа на лицето, вратот и деколтето.

Шифра: 90405
Share Now:

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Beauty Patents Anti-age ноќен крем за лице со лифтинг ефект – 50 ml”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Have no product in the cart!
0