Beauty Patents Anti-age серум за лице – 50 ml

1510 ден

Совршената кожа започнува со совршена нега! За дефинирани контури, мазна, затегната и подмладена кожа – доверете се на серумот за лице од Beauty Patents!

Овој моќен серум со уникатен комплекс од активни состојки ефикасно го забавува стареењето и ги намалува брчките на лицето, вратот и деколтето. Со докажан лифтинг ефект, ја обновува структурата на кожата, ги намалува порите, двојниот подбрадок и опуштената кожа, додека истовремено штити од штетните фактори што го забрзуваат стареењето.

Активни состојки: колаген хидролизат, хијалуронска киселина, витамин С, Gravityl™, Agefinity™, Matrixyl Synthe’6™.

Како делуваат активните состојки од серумот за лице:

Колаген хидролизат: Патентирана формула на Mota 6 Laboratory со 99,5% чистота и научно докажано молекуларно дејство. Тој ја обновува и оддржува правилната структура на кожата, ги активира фибробластите и придонесува за создавање на сопствен колаген според состојбата и возраста на кожата.

Gravityl™: 100% природна состојка со револуционерен антигравитациски ефект, создадена за да ја врати цврстината и дефиницијата на контурите на лицето од Givaudan Франција. Благодарение на активните материи од црвени макроалги, оваа моќна состојка го стимулира производството на Колаген I и III, ја хидратира кожата и нуди заштита од штетните надворешни фактори како UV зрачење, загадување и сина светлина. Ја подобрува еластичноста и затегнатоста на кожата за 7 пати, со што визуелно се забележува промена и подобра структура на кожата на лицето. Со редовна употреба, Gravityl ја затегнува кожата, ја подобрува линијата на вилицата и драстично го намалува подбрадокот.

Agefinity™ – од Givaudan Франција  е моќен биомиметички извор на младост на кожата. Agefinity  е иновативна состојка со биомиметички ефект, која продира длабоко во дермисот за да ја редефинира формата на лицето и вратот. Со докажано клиничко дејство, оваа моќна формула ја обновува матрицата на кожата, ги намалува старечките пигментациски дамки и го враќа младешкиот изглед на кожата.

🔹 Ја подобрува контурата на Y-зоната (областа околу вилицата и вратот)
🔹 Ги намалува пигментните дамки за само 28 дена
🔹 Ги зајакнува и обновува колагенските влакна
🔹 Ги намалува брчките и фините линии
🔹 Заштитува од оксидативен стрес и штетните UV зраци
🔹 До 30% ја намалува длабочината на брчките!

Matrixyl Synthe’6™: од Sederma Франција е иновативен пептид со шест моќни молекули кои ја трансформираат кожата, враќајќи и ја младешката еластичност и цврстина. Неговата клинички докажана формула ефикасно ги пополнува брчките и ја зајакнува кожата на природен начин, без потреба од инекции или хируршки зафати.

🔹Ги измазнува и пополнува брчките
🔹Го стимулира природното производство на колаген
🔹Ја подобрува еластичноста и структурата на кожата
🔹Создава нехируршки лифтинг ефект
🔹Одржува оптимална хидратација

Витамин С: Моќен антиоксидант кој што игра главна улога во синтезата на колаген. Има избелувачко дејство што прави кожата да биде посјајна и поблескава со изедначен тен.

Хијалуронска киселина: Ненадминлива активна состојка за хидратација и задржување на влагата во кожата. Околу 50% од целата хијалуронска киселина, која што ја имаме во нашиот орагнизам, е концентрирана во кожата, додека пак 30% од залихата со која што располагаме, се троши секојдневно и има потреба од секојдневно нејзино внесување.

Начин на употреба: Нанесете на добро исчистена кожа на лицето, вратот и деколтето со нежни масажни движења, до целосна апсорпција на серумот.

Шифра: 90402
Share Now:

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Beauty Patents Anti-age серум за лице – 50 ml”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Have no product in the cart!
0