Beauty Patents Anti-age серум за околу очи – 30 ml

1150 ден

Совршената кожа започнува со совршена нега! Комплексна формула за нега на најнежната и најделикатната област на лицето!

Beauty Patents anti-age серумот за околу очи е специјално формулиран за нега на деликатната зона околу очите, каде што кожата е најтенка и најподложна на стареење. Со моќна комбинација на активни состојки, овој серум ефикасно ги намалува брчките, торбичките под очите, темните кругови и опуштените очни капаци, враќајќи ѝја на кожата нејзината цврстина и младешки сјај.

Активни состојки: колаген хидролизат, Haloxyl, Beautifeye, Aquaxyl, бадемово масло, масло од ленено семе, масло од арган, витамин Е, D-pantenol, хијалуронска киселина.

Како делуваат активните состојки од серумот за околу очи:

Колаген хидролизат: Патентирана формула на Mota 6 Laboratory со 99,5% чистота и научно докажано молекуларно дејство. Тој ја обновува и оддржува правилната структура на кожата, ги активира фибробластите и придонесува за создавање на сопствен колаген според состојбата и возраста на кожата.

Beautifeye: од Sederma, Франција е првата нехируршка алтернатива на блефаропластиката, создадена за да го врати младешкиот изглед на вашите очи. Со моќна комбинација на екстракти од персиско свилено дрво и света билка, оваа наградувана активна состојка ја зајакнува протеинската структура на кожата, ја подобрува микроциркулацијата и ја прави кожата околу очите позатегната и поеластична.

🔹Ги подигнува горните очни капаци и го спречува нивното опуштање
🔹Ја обновува и зајакнува структурата на кожата
🔹Ги измазнува брчките околу очите и спречува нивно повторно појавување
🔹Го забавува процесот на стареење и ја подобрува контурната форма на окото

Haloxyl: од Sederma, Франција е иновативен комплекс дизајниран да ги намали темните кругови, подуеноста и торбичките под очите, враќајќи ѝја на кожата нејзината свежина и виталност. Со комбинација од четири моќни активни состојки – два пептида кои го поттикнуваат производството на колаген и еластин, флавоноид кој ја осветлува кожата и аминокиселина со зајакнувачко дејство – Haloxyl делува длабински за да ја подобри структурата на кожата околу очите.

🔹Ја заздравува кожата и ја прави посилна и поотпорна
🔹Ја активира микроциркулацијата и штити од слободните радикали
🔹Ги елиминира темните кругови и го намалува заморот на погледот
🔹Ги измазнува фините линии и спречува појава на нови брчки

Aquaxyl: 100% природен полисахарид, кој што содржи максимален број на хидроксилни групи и одлично ја навлажнува кожата.

Бадемово масло: содржи корисни протеини, јаглехидрати, витамини А, С, Е и В со помош на кои ја хидратира, смирува, омекнува и измазнува кожата и го стимулира обновувањето на епидермисот. Има брза апсорпција и благопријатен ефект врз кожата.

Хијалуронска киселина: ненадминлива активна состојка за хидратација и задржување на влагата во кожата.

Масло од ленено семе: богато со есенцијални масни киселини кои што помагаат за измазнување и обновување на кожата, обезбедувајќи и незаменливи материи. Длабински ја омекнува, потхранува и хидратира кожата.

Масло од арган: го стимулира природното производство на колаген и еластин со што ги забавува процесите на стареење. Ја потхранува и обновува кожата.

Витамин Е: еден од најзначајните антиоксиданти, кој што го забавува стареењето на кожата и ги заштитува клетките од оштетување од слободните радикали.

D-pantenol: Има противвоспалителен, регенеративен и смирувачки ефект и длабински ја хидратира кожата.

Начин на употреба: Нанесете наутро и навечер со врвот на прстите во зоната околу очите.

Шифра: 90403
Share Now:

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Beauty Patents Anti-age серум за околу очи – 30 ml”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Have no product in the cart!
0