Sale!

Dr.Silver New апарат за сребрена вода

Original price was: 3990 ден.Current price is: 2394 ден.

До 40 000 литри сребрена вода со концентрација за пиење.

Со променлива сребрена електрода и батерија

Сертифициран со TÜV Сертификат № 359_BSP-16P2.0032.0 – C01
Лабораториски испитан на Институтот по микробиологија на БАН со докажано дејство според Протоколот за одредување на влијанитето на сребрената вода врз патогени микроорганизми.

Апаратот служи за генерирање на сребрени јони во водата и подготовка на сребрена вода со различни концентрации. Сребрената вода се препорачува за внатрешна и надворешна употреба, како и за дезинфекција на различни површини и храна. За различната примена на сребрената вода може повеќе да дознаете користејќи различна стручна литература во која е опишано нејзиното дејство.

SKU: 20040 Categories: ,
Share Now:

Description

Технички карактеристики на апаратот

Апаратот работи со променлива батерија AAA од 1,5V и променлива електрода. Еден цел работен циклус на апаратот е 10 минути. Апаратот испушта сребрени јони 0,15 мг/мин. Електродата е со 99,99% чистота на сребро. Црвеното трепкање на апаратот е индикација дека батеријата треба да се промени. Максимален капацитет на сребрена вода со концетрација од 0,05 мг/л е 40000 литри.

Начин на употреба на апаратот

Апаратот е херметички затворен и може цел да се потопува во вода, а обемот и масата на уредот се дизајнирани така што секогаш апаратот испливува на површината на водата. Тоа овозможува употреба на апаратот во длабоки садови и при завршување на работата на апаратот, истиот лесно може да го извадите од садот. Во горниот дел на апаратот има капковидна испакнатост и под неа се наоѓа копчето за вклучување и исклучување на апаратот. За да го вклучите апаратот потребно е да го притиснете копчето и да задржите неполна секунда, по што ќе почувствувате лесно „кликање“ и ќе се вклучи индикаторот кој ќе започне да трепка сино додека работи апаратот. Апаратот може да се исклучи по Ваша желба (но не порано од 10 секунди од неговото вклучување). Апаратот се исклучува со притискање и задржување на копчето за вклучување по што светлосниот индикатор ќе светне подолго и апаратот ќе се изгасне. Работното време на апаратот зависи од квалитетот на батеријата. Доколку не го исклучите апаратот, тој по 10 минути работа сам ќе се исклучи. Со апаратот може да се обработува вода во обем од 0,2 до 10 литри. Времето потребно за обработка се определува во зависност од количината на вода и концентрацијата на сребрени јони кои сакате да ги постигнете. Во чист стаклен сад наполнете го потребното количество на филтрирана вода (нивото на водата е потребно да биде повисоко од 5 цм за да може апаратот и електродата да се потопат во водата. Вклучете го апаратот и потопете го апаратот во водата. По завршување на работа извадете го апаратот од садот и исплакнете ја електродата  со млаз вода и оставете ја да се исуши. Препорачано е подготвената вода да се конзумира веднаш и да не се остава да стои.

Време Количество на вода во литри
0.1 0.2 0.5 1 2 5 10
10 s 0,25 0,125 0,05 0,025 0,013 0,005 0,003
20 s 0,5 0,25 0,1 0,05 0,025 0,01 0,005
30 s 0,75 0,375 0,15 0,075 0,038 0,015 0,008
1 min 1,5 0,75 0,3 0,15 0,075 0,03 0,015
5 min 7,5 3,75 1,5 0,75 0,375 0,15 0,075
10 min 15 7,5 3,0 1,5 0,75 0,3 0,15
20 min 30 15 6,0 3,0 1,50 0,6 0,3
30 min 45 22,5 9,0 4,5 2,25 0,9 0,45

 

Шифра: 20040

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Dr.Silver New апарат за сребрена вода”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Have no product in the cart!
0