Sale!

Geske Пена за чистење на лице – 100 ml

Original price was: 640 ден.Current price is: 380 ден.

Што е потребно Вашата кожа да изгледа хидратирано, негувано, здраво, подмладено и сјајно?

Дали и Вие имате проблем да го најдете совршениот козметички производ за чистење на лицето?

Колку често Вашата кожа е сува и крута по чистењето на лицето?

Со GESKE пената за чистење на лице овие проблеми ќе станат минато, дури и за сите Вас кои имате проблем со екстремно сува кожа на лицето и постојано сте во потрага по некое нежно решение кое совршено ќе ја исчисти Вашата кожа и притоа нема дополнително да ја исуши.

Првиот чекор за Вашата дневна рутина е чиста и хидратирана кожа. Сето ова ќе го постигнете со луксузната пена за чистење на GESKE, збогатена со состојки за длабинска хидратација на кожата, кои што го прават Вашето лице совршено чисто, свежо и подготвено за следните чекори за беспрекорна нега.

Share Now:

Description

Потрагата по нежен козметички производ за чистење на лицето кој не само што темелно ја чисти Вашата кожа, туку и интензивно ја навлажнува и освежува завршува тука. Geske Пената за чистење на лице со екстракти од алое вера, глицерин и провитамин В5 е правиот избор за секој кој што е во потрага по луксузна нега за својата кожа. Оваа нежна пена ќе ја разгали и совршено ќе ја негува дури и најсувата кожа.

Geske Пената за чистење на лице благодарение на нејзината богата текстура длабински ги отстранува бактериите и нечистотијата од порите, без да ја иритира и оштети Вашата кожа. Доволна е само мала количина од пената за да ги отстраните и најтврдокорните остатоци од шминка. Изобилува со природни состојки кои совршено се надополнуваат. Алое верата е докажана и водечка билка во областа на козметологијата заради нејзиното освежувачко, смирувачко, хидратирачко и потхранувачко дејство. Дополнително провитаминот В5 спречува појава на акни и митесери и ја подобрува еластичноста на кожата. Глицеринот ја омекнува кожата, помага таа да биде длабински хидратирана и го спречува нејзиното сушењето, со што овој производ е прав погодок дури и за најсувата кожа.

Разгелете ја Вашата кожа со најлуксузните и иновативни производи за нега од GESKE. Вашата кожа ќе Ви биде благодарна!

Geske Пената за чистење на лице е совршениот придружник на сите четки за лице и тело на GESKE и со нивна помош се максимизира нејзиното дејство. Вашата кожа ќе биде темелно и длабински исчистена и хидратирана како никогаш досега и подготвена за следните чекори за нега.

Активните состојки во Geske Пената за чистење на лице прават чуда за да ја одржат Вашата кожа максимално хидратирана:

Глицерин: ја задржува влагата, ја потхранува кожата и го спречува нејзиното сушење.

Алое вера: има смирувачко дејство врз кожата, ја хидратира и ги смирува иритациите.

Провитамин В5: потпомага во борбата со акните и црнките и ја подобрува еластичноста.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Начин на употреба: мало количество од пената се нанесува на кожата на лицето секое утро и вечер со нежни масажни движења или со некоја од четките за чистење на GESKE, по што лицето се плакне. За полесна употреба искористете ги придобивките од Вештачката интелегенција и креирајте ја Вашата персонализирана дневна рутина преку бесплатната револуционерна апликација на GESKE.

Совет за убавина: Додадете ја пената за чистење на лице кон Вашата секојдневна рутина за нега на кожата, за Вашата кожа да биде длабински и темелно исчистена и подготвена за следните чекори за нега. За уште пофеноменални резултати употребувајте ја во комбинација со апаратите за чистење од GESKE. За да го извлечете максимумот од производот, симнете ја апликацијата на GESKE German Beauty Tech која ги користи придобивките на AI технологијата , и преку неа веднаш можете да ја скенирате Вашата кожа. Добиените резултати ќе можете да ги искористите за да генерирате персонализирана рутина за нега на Вашата кожа. Оваа апликација можете да ја користите и за да гледате разни видеа посветени на апарати за убавина на GESKE со совети од голем број експерти од областа на убавината и козметологијата. Дознајте повеќе за мобилната апликација GESKE® SmartAppGuided™  на следниот линк:

Пакување: 100 ml

INCI:AQUA, SODIUM LAURETH SULFATE, GLYCERIN, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE, ACRYLATES/C10-30 ALKYL ACRYLATE CROSSPOLYMER, SODIUM LAUROYL GLUTAMATE, PHENOXYETHANOL, PANTHENOL, SODIUM BENZOATE, XANTHAN GUM, PARFUM, C12-13 ALKYL LACTATE, SODIUM CHLORIDE, PROPYLENE GLYCOL, ETHYLHEXYLGLYCERIN, CITRIC ACID, TRISODIUM ETHYLENEDIAMINE DISUCCINATE, POTASSIUM SORBATE, SODIUM HYDROXIDE, HEXYL CINNAMAL.

Апарати од GESKE кои се препорачуваат да се употребуваат со Geske Пената за чистење на лице :

                                      

 

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Geske Пена за чистење на лице – 100 ml”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Have no product in the cart!
0