Description
Оваа нова ултра микрофиберна крпа има мазна и густа структура (со густина од дури 280 g/m2) што обезбедува нејзина долготрајна употреба (издржува до 200 перења). Уникатното тенко влакно и специјално патентираниот метод на ткаење ја прават оваа крпа незаменлива во секој дом, автомобил и канцеларија! Благодарение на поголемите димензии крпата е исклучително ефикасна за чистење и полирање на стакло, метални површини, прозорци, ретровизори, витрини, маси, ормани, мијалници, сребрен накит, хромирани површини, кристални и стаклени сервиси, екрани на телевизори и други техники уреди. Крпата е одлична за домови и канцеларии со многу стаклени површини. Со нејзина помош се олеснува бришењето на стаклените површини и времето за чистење се намалува до 4 пати. Потребно е само да се пребришат стаклените површини со влажна крпа и да се остават самите да се исушат. При тоа се избегнуваат токсичните детергенти кои се штетни за Вас и за животната средина, како и пребришувањето со сува крпа. Резултатот е блескаво чисти и сјајни стаклени површини. Површините исчистени со оваа крпа се валкаат помалку и побавно, бидејќи бактериите и другите микрооганизми се отстранети над 99,2% со секое чистење! Крпата лесно се мие со обичен сапун и ако е многу валкана, може да се потопи во топла вода, но не повеќе од 5 минути.
Боја: светло сива
Начин на одржување: Се пере со обичен сапун и топла вода. Доколку е многу валкана може да се потопи во топла вода или да се испере во машина за перење на температура не повисока од 60 С. Предупредување: да не се пегла и да не се суши врз извори на топлина (радијатори) и да не се пере со агресивни детергенти кои што содржат избелувачи.
Димензии: 70*50 cm
Состав: 83 % полиестер, 17% полиамид.




Reviews
There are no reviews yet.