Stolz Крем балсам со глукозамин – 250 ml

1385 ден

Иновативна формула! Специјална грижа за здрави и подвижни зглобови!

Share Now:

Description

Состав: Глукозамин фосфат, глицерин, екстракт од еукалиптус, масло од сибирска ела, камфор. Без парабени.

Дејство: Глукозаминот игра клучна улога во формирањето и оддржувањето на телесните сврзни ткива како што се рскавиците, коските, зглобовите, лигаментите и сл.. Со годините се намалува производството на глукозамин во организмот, што доведува до појава на болки, отоци и вкочанување на зглобовите. За тоа е потребно глукозаминот дополнително да се внесува во телото, а еден од начините е преку најголемиот човечки орган- кожата во форма на крем-балсам. Глукозаминот многу брзо се апсорбира преку кожата и претставува идеална активна компонента за возобновување на составните ткива на зглобовите. Тој го стимулира производството на синовијална течност во зглобовите,
обезбедува нивно лесно движење, а истовремено служи и како градивна единица на рскавиците. Благодарение на скапоцените етерични масла како маслата од еукалиптус, камфор и сибирска ела, крем-балсамот има смирувачки ефект и длабински продира во кожата. Наменет е за секојдневна грижа при болки во различни делови на телото: половината, грбот, вратот, екстремитетите, рамењата итн. Крем-балсамот има антивоспалителен и антисептичен ефект.

Пакување: 250 ml

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Stolz Крем балсам со глукозамин – 250 ml”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Have no product in the cart!
0