The Doctor Крем за лице со салицилна киселина и витамин В5 3 во 1 – 40 ml

490 ден

Крем за нега на проблематична кожа. 

Уникатна 3 во 1 формула – дневен и ноќен крем за нега на лицето, вратот и деколтето. 

Го враќа балансот на кожата и ги смирува воспаленијата.

Активните состојки допринесуваат во регулирање на лачењето на себум, ги смируваат акните и ја спречуваат појавата на нови.

Share Now:

Description

The Doctor Крем за лице со салицилна киселина и витамин В5 со моќно дејство која ги задоволува сите потреби за нега на проблематичната кожа. Уникатна 3 во 1 формула – дневен, ноќен крем за нега на лице, врат и деколте. Кремот благодарение на моќното дејство на салицилната киселина и витаминот В5 помага во смирување на воспаленијата и акните на проблематичната кожа. Моќното дуо во овој крем го регулира лачењето на себум, ја матира кожата, ги смирува акните и спречува појава на нови кожни воспаленија.

Основни придобивки од The Doctor Кремот за лице со салицилна киселина и витамин В5 се:

  • Стимулирање на природниот регенеративен процес на кожата
  • Подобрување на здравјето на кожата
  • Регулирање на излачувањето на себум.
  • Намалување на несовршеностите
  • Ги смирува и елиминира акните и спречува појава на нови

Главните активни состојки – салицилна киселина и витамин Б5 имаат моќно синергиско дејство и обезбедуваат комплексна нега на проблематичната кожа. Салицилната киселина ги намалува несовршеностите на кожата и ефикасно штити од појава на нови. Оваа активна состојка го регулира лачењето на себум, ја подобрува структурата на кожата и ја матира. Покрај тоа помага во смирување на кожните воспаленија и ја спречува појавата на нови и ја штити кожата од штетните надворешни влијанија. Главните придобивки на салицилната киселина се: 

  • Ги отпушува порите и го намалува ризикот од нивно запушување.
  • Ги намалува воспаленијата и црвенилата поврзани со акните.
  • Ги отстранува мртвите клетки од кожата, правејќи ја кожата поздрава и смирена.

Витаминот В5 ја навлажнува и смирува кожата и го потикнува нејзиниот природен процес на регенерација. Тој ја подобрува состојбата на кожата и ја прави поздрава и поеластична. Покрај тоа витаминот В5 активно го регулира лачењето на себум, обезбедувајќи рамнотежа помеѓу влагата и маснотиите на површината на кожата. Основните придобивки од витаминот В5 се: 

  • Задржување на влагата во кожата, правејќи ја кожата похидратирана и помека.
  • Подобрување на еластичноста на кожата и намалување на брчките.
  • Подобрување на тексурата на кожата.

Начин на употреба: Мало количество од кремот се нанесува наутро и навечер на чиста кожа со нежни масажни движења на лицето и околу очите. За најдобри резултати Ви препорачуваме Кремот за лице да го употребувате во комбинација со останатите производи за нега на лице од серијата The Doctor со салицилна киселина и витамин В5.

Пакување: 40 ml

INCI: Aqua, Ethylhexyl Stearate, Glyceryl Stearate, Dicaprylyl Carbonate, Butyrospermum Parkii Butter, Prunus Amygdalus Dulcis Oil, Propanediol, Cetearyl Alcohol, PEG-100 Stearate, Squalane, Cocos Nucifera Oil, Glycerin, Salicylic Acid, Panthenol, Hydrolyzed Jojoba Esters, Undecane, Tridecane, Sodium Polyacrylate, Disodium EDTA, PEG-8, Ascorbyl Palmitate, Ascorbic Acid, Citric Acid, Tocopherol, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin, Sodium Hydroxide, Parfum.

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “The Doctor Крем за лице со салицилна киселина и витамин В5 3 во 1 – 40 ml”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Have no product in the cart!
0